Општина Крушево избра идејно решение за уредување на гробот на Тоше Проески. Со тоа е откочена процедурата за изградба на достојно почивалиште на музичката ѕвезда, 12 години по неговата трагична смрт, јавува 360stepeni.mk
Автор на идејното решение е Жарко Чаушевски, кој бил и единствениот пријавен на конкурсот. Истиот автор победи на конкурсот за уредување на гробот на Проески и пред неколку години, но таа идеја не се реализираше.
Од општина Крушево проценуваат дека изградбата ќе чини околу 150.000 евра, средства за кои веќе аплицирале до Министерството за култура.
Foto: 360stepeni.mk