Идеја на Центар: Паркирај во катна, добиј бесплатно тротинет или велосипед

1102

Општина Центар ја разгледува идејата најголем дел од возилата да се паркираат во катни гаражи, со можност граѓаните бесплатно да добијат на користење тротинет или велосипед за да стасаат до саканата дестинација.

Ова денеска на брифинг со новинарите го истакна градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, кој најави работно лето во својата општина.

Тој најави реконструкција на десетина витални улици во општината, нови атмосферски, водоводни и канализациски мрежи, тротоари, капитален сообраќаен проект кој ќе ја зголеми безбедноста во Капиштец, вреден 28 милиони денари.

Се планира реконструкција на паркингот кај трговскиот центар „Палома бјанка“, кој е запустен со години.

На прашање од новинарите до каде е процесот со уривањето на дивите тераси, Богдановиќ рече дека дел е завршено и дека сега следува поништување на сите одобренија при кои не се почитувал Законот што ќе го прави Град Скопје.

– Ме радува фактот што полека почнаа сами да си ги тргаат терасите и ме радува што сфатија дека нема да попуштиме во тој дел – рече тој.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...