Во стравичната сообраќајна несреќа што вчера се случи кај Карпалак загинаа 14 лица, меѓу кои студенти, мајки на малолетни деца и млади луѓе. Речиси сите се од Гостивар и околните села.
Во автобуската несреќа загинаа:
Ајден Исмаили, од Гостивар, кој работел како туристички водич
Зоран Давидоски (1981), вработен во Град Скопје од 2011 година на повеќе раководни позиции, а од 2014 бил раководител на Секторот за сообраќај.
Раметула Абдурахими, работел во администрација во Скопје
Јовица Трпевски, 27 години, кошаркар на КК Гостивар
Онур Садику, 19 годишeн студент на Mедицинскиот факултет во Скопје, чие семејство живее и работи во хрватскиот град Пореч
Бесим Камбери, од гостиварското село од Сенокос, вработен во Скопје
Бобан Аврамовски, студент на Факултетот за дизајн и мултимедија на ФОН
Павле Костовски, вработен во Организација на потрошувачи на Македонија
Трпана Јаневска, од Гостивар
Валдете Хамити (1989) од Дебреште
Есад Емрули од Гостивар
Бејза Узеири од Бањица
Бесим Фетаи од Врапчиште
Дејан Ристоски, вработен во Народна Банка
Причините за несреќата се уште се утврдуваат.
Фото: EPA/GEORGI LICOVSKI