Игуаин им се извини на навивачите на Милан

147
Трагичарот на Милан во синоќешниот пораз (0:2) од Јувентус, Гонзало Игуаин, кој промаши пенал при 0:1 и доби црвен картон во финишот, денеска им се извини на навивачите и на сите во клубот.

Аргентинецот бурно реагираше на една судиска одлука, па беше исклучен.

-Ми се чинеше дека одлуката не е фер. Сметам дека јас бев фаулиран, а не обратно. Казнет сум, а никого не навредив. Се извинувам на клубот, навивачите, тренерите, соиграчите. Ме совладаа емоциите – изјави Игуаин.

Поради директниот црвен картон, Игуаин најверојатно ќе биде суспендиран и нема да смее да го игра следниот натпревар од Серија А, против Лацио во Рим.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...