Игуаин: Го сакам Челзи, ми се исполни желбата да заиграм во Премиер лигата

147

Аргентинецот Гонзало Игуаин кој од вчера и официјално е на позајмица во Челзи, изјави дека го сакал клубот и имал голема желба по Шпанија и Италија да заигра во Англија.

– Не размислував многу кога добив понуда да заиграм за Челзи. Секогаш го сакав тој клуб кој има голема историја, а исто така многу сакав да играм во Премиер лигата – изјави Игуаин за клупскиот сајт.

Досегашниот играч на Милан, во Челзи доаѓа како позајмен фудбалер од Јувентус. Раководството на „сините“ од Лондон ќе има право на лето да го откупи договорот на Игуаин за 35 милиони евра.

– Морам да ја оправдам довербата на раководството. Со нетрпение чекам да заиграм. Се надевам на брза адаптација – дополни аргентинскиот напаѓач.

Дебито  на Игуаин во новиот клуб се очекува претстојниот викенд.

ФОТО: Архива

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...