Игуаин: Во Милан ме бараа сите, во Челзи само тренерот

За Игуаин многу беше заинтересиран и Челзи, но тој се одлучи за „Сан Сиро“.

163

Напаѓачот на Милан, Гонзало Игуаин ги кажа причините за неговиот избор во Милано да ја продолжи кариерата.

За Игуаин многу беше заинтересиран и Челзи, но тој се одлучи за „Сан Сиро“.

– Го избрав Милан затоа што ми се допадна нивниот проект. Тренерот Гатузо, заедно со директорите Малдини и Леонардо беа упорни да ме донесат. Навистина ми се допадна нивниот пристап. Овде сите ме сакаа, додека во Челзи бев желба само на тренерот Сари, изјави Игуаин.

Аргентинецот претходно играше за Јувентус кој оваа сезона се засили со Кристијано Роналдо.

– Одлуката да си одам од Јувентус беше нивна. Буквално бев избркан од клубот. Морам да кажам дека навивачите и играчите ме почитуваа. Дадов се за тој клуб и не очекував таков крај.

Игуаин се потсети и на времето додека беше дел од Наполи.

– Навивачите на Наполи не можат да ми опростат дека заминав во Јувентус. Тоа е нивно право и не мим се лутам. За нив не можам ништо лошо да кажам. Тоа беше поради конфликт со претседателот на клубот Аурелио Де Лаурентис. Но за тоа ќе раскажам во некое друго време, рече аргентинскиот фудбалер.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...