На 22 септември се одржува доделувањето на „Еми“, наградите за телевизиската продукција. Ѕвездите на овогодинашното доделување секако е серијата „Игра на тронови“ која досега заработи дури 32 номинации.
Со тоа фантастичната драмска серија го урна историскиот рекорд во бројот на номинации за „Еми“. Рекордот досега го држеа „Њујоршките сини“ кои во 1994 година добија шест номинации помалку, односно 26.
„Игра на тронови“ ги заслужи номинациите со последната, осма сезона. Иако многу обожаватели на серијата се разочараа од сезоната и им забележаа на продуцентите за нелогичниот крај, премногу темните битки со Кралот на ноќта, како и заборавената шолја „Старбакс“ во еден кадар, серијата буквално ја однесе конкуренцијата.
Меѓу номинациите за „Еми“ се истакнува онаа за најдобар актер за која е номиниран Кит Харингтон, најдобра актерка Емили Кларк, четири најдобри споредни актерки како и три најдобри споредни актери.
Инаку „Игра на тронови“ во текот на седумте сезони за „Еми“ номинираната повеќе од 700, а освои повеќе од 250 „Еми“.
ФОТО: Принтскрин