„Игра на тронови“ апсолутен победник на Еми наградите

На свеченото 71. доделување на „Еми” наградите синоќа во Лос Анџелес, за најдобра драма е прогласена ТВ-серијата „Игра на тронови”.

268

Лос Анџелес вчеравечер беше местото каде се собраа најголемите ѕвезди во Холивуд на еден од омилените настани во годината – наградите Еми.

„Игра на тронови“ влезе со рекордни 32 номинации со осмата и финална сезона.

Британска доминација на 71-те Еми награди на кои „Игра на тронови“ ја освои главната награда за најдобра драма, додека серијата „Флибег“ на Фиби Волер – Бриџ ги освои најголемиот дел од наградите за комедија.

„Игра на тронови“ освои 12 награди Еми за својата последна, осма сезона, но големото изненадување на вечерта беше „Вреќа со болви“, чија авторка Фиби Волер-Бриџ си замина со три статуетки.

Наградата во категоријата комедија ја освои серијата „Fleabag”. Најдобар актер во комедија е Бил Хедер („Barry“), а најдобра актерка– Фиби Волер-Бриџ („Fleabag“).

За најдобар актер во жанрот драма е прогласен Били Портер („Pose“), а за најдобра актерка – Џоди Комер („Killing Eve“).

Најдобра мини-серија е „Чернобил“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...