Играјте повеќе во Новогодишната ноќ за да не ве фати алкохолот!

Не треба да се мешаат разни алкохолни пијалоци. Тука демне опасноста од брзо настанување на алкохолизирана состојба, кога жесток алкохол се меша со вино или пиво, па затоа советот е да се пие ист пијалок. И, со оглед на големата разлика во температурата внатре и надвор, лицата под дејство на алкохол никако да не излегуваат нагло надвор на студот бидејќи може да настане губиток на свеста, вели д-р Беќаровски.

369

Во пресрет на најлудата ноќ, лекарите советуваат како да се провеселите, а притоа да не претерате со пиењето алкохолни пијалоци, па првиот ден од Новата година да го започнете, не дај Боже, како пациент на Клиниката за токсикологија.

– Важно е да се знае дека исто количество алкохол различно влијае врз помладите лица и врз женската популација, кои полесно може да се испијанат, за разлика од дејството што овие пијалоци го предизвикуваат кај повозрасни машки лица, кои малку потешко запаѓаат во алкохолизирана состојба. Значи, бидејќи нив полесно ги фаќа алкохолот, младите и жените пред да излезат на прослава, пожелно е дома да консумираат нешто што е калориски посилно, за да може подобро да ги поднесат пијалоците. Препораката наша е никако да не пијат на гладно, без претходно нешто да каснат – советува д-р Нико Беќаровски, в.д. директор на Клиниката.

Тој додава дека не треба ни да се мешаат разни алкохолни пијалоци.

Тука демне опасноста од брзо настанување на алкохолизирана состојба, кога жесток алкохол се меша со вино или пиво, па затоа советот е да се пие ист пијалок. И, со оглед на големата разлика во температурата внатре и надвор, лицата под дејство на алкохол никако да не излегуваат нагло надвор на студот бидејќи може да настане губиток на свеста – вели д-р Беќаровски.

А за тоа кој е „рецептот“ – колку да се испие, а да не нѐ фати алкохолот и да останеме трезни и во највеселата ноќ, еве што откриваат токсиколозите:

Количински се знае – две до три чаши алкохолен пијалок може да се испијат. Битно е што повеќе да се игра, тоа важи за сите и за помладите и за повозрасните, зашто кога играме се троши дел од енергијата и се намалува ефектот од внесениот алкохолсоветува д-р Беќаровски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...