„Играчка плачка“ е фрлањето на девојчето од прозорец, вели класниот

1365

Неумесна игра, а не врсничко насилство е причина за повредата на 14 годишното девојче од Основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ од скопската населба Аеродором, кога нејзини соученици во петокот ја фрлиле од прозорец на приземје.

За Факултети.мк, класниот раководител на деветтоодделенците, Марјан Јовановски изјавил дека не ги оправдува учениците, но објаснува дека не станува збор за врсничко насилство.

– Буквално се случило „од играчка – плачка“. Станува збор за одделение од 31 ученик со одличен успех и примерно поведение. Класот е прекрасен и сите се дружат. Децата веќе две недели ја играле оваа игра. Носеле ученик до прозорец и тој сам скокал преку рамката во дворот. Овојпат, играта тргнала на лошо- девојчето не успеало да се задржи на нозе. Има снимки, ги видовме, учениците се смеат додека ја играат играта. Никој насилно не фрлил никого од прозорец – вели тој.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...