Играорци, каде е македонското знаме? (ФОТО)

1387

Министерот за култура Асаф Адеми, вчера, во просториите на Министерството за култура оствари кратка средба со претставници на културно уметничкото друштво „Каршиака“ кои се организатори на 12-тиот по ред Меѓународен фолклорен фестивал „Скупи 2018“,.

Станува збор за фестивал од ревијален карактер кој е дел од Годишната програма на Министерството за култура за поддршка на проекти од национален интерес и на кој учествуваат фоклорни друштва од девет земји од регионот и светот: Мексико, Аргентина, Северен Кипар, Украина, Бугарија, Турција, Албанија, Косово и од Македонија. На групната фотографија недостасува само македонското знаме.

Во рамките на фестивалот учесниците кои се вистински репрезенти на фолклорот и традицијата на земјите од каде доаѓаат ќе одржат повеќе концерти во општина Сарај и на плоштадот „Скендербег“ во Скопје. На средбата министерот Адеми на присутните им врачи пригодни подароци.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...