За Игор Спасов од попладнево има наредба за приведување, а полицијата го бара на домашна адреса и во родниот Штип, јави Телма.
Од првата потрага ќе зависи дали ќе биде распишана потерница по поранешниот специјалец, и осуден за убиството на Мартин Нешковски.
Како што јави телевизијата, штипскиот суд ја распишал наредбата откако во петокот Спасов не се вратил на издржување на казната затвор во Идризово. Спасов изминатите 14 месеци од лани во август до сега бил на слобода откако штипскиот суд му ја прекинал казната поради здравствени причини.