Игор Петек: Љубљана е зелена престолнина на ЕУ, но и Скопје има шанси

Имиџот на зелена држава, не е само маркетиншки трик. Словенците сосема сериозно се движат кон општество со принцип на нула отпад, иако, како што вели првиот човек на секторот за собирање отпад во љубљанското претпријатие Водовод и канализација „Снага“, целосното остварување на овој концепт е речиси невозможно и во реалноста претставува само стремеж кон што помалку ѓубре. „Најважно е селектирањето на ѓубрето, а потоа сѐ оди многу бргу“, не охрабрува господин Петек кој деновиве во Скопје и Македонија, ужива во нашата храна и во дружба со нашите Ротаријанци

563

Деновиве, втора година по ред, во Македонија дојдоа претставници од словенечкот Ротари клуб Логатец кој е збратимен со неколку ротари клубови во Македонија. Од минатата година заклучно со оваа, 2019.година, претседател на овој Ротари клуб е македонскиотуметник Диме Темков кој живее во Словенија веќе две ипол децении.

Во оваа екипа која ја запознавме уште минатата година, освен Темков, се и адвокатотМатија Јамник, скулпторот Васја Урлих, архитектот Гашпер Демшар, банкарот Матијаж Рибаш, економистот Златко Лазаревиќ и нашиот соговорник Игор Петек, инаку, прв човек на секторот за собирање отпад во љубљанското претпријатие Водовод и канализација Снага“.

Тема на нашиот разговор со господин Петек, се разбира, е отпадот, а тој е токму вистинскиот човек кога треба да се побара совет како да се исплива од сопственото ѓубре и да се стане зелена престолнина на Европа, бидејќи токму тоа е титулата која овој град ја носи веќе неколку години.

И токму господин Петекодносно, најмногу тој, е и главната причина поради која шетајќи со дел од овие Ротаријанци низ Скопје и околината, минувајќи покрај препознатливите слики со ѓубре покрај контејнерите, по улиците и тротоарите, покрај реките и шеталиштата, нашитеглави автоматски се вовлекуваа во рамениците, а чекорот ни се забрзуваше. Што побргу да се одминат неубавите слики бидејќи се тие и наша слика и прилика. Но, за чудо, наместо надмен однос, цоктање со јазикот и погледи полни прекор и неверица, нашите гости не тешеа. На пример, адвокатот Матија, ни раскажа: Пред 30 години во селото во кое јас растев, во околината на Љубљана, селаните го собираа ѓубрето во големо буре кое кога ќе се наполнеше со ѓубре, го празнеа веднаш покрај Сава“.

Ако го занемариме фактот дека тоа било пред три децении, ова искрено признание ни беше мала утеха.

Го прашавме господинот Петек да ни објасни како ѝ успеа на Љубљана да дојде до титулата зелена престолнина на Европа и да се најде на врвот, по одвојување на отпадот, пред Талин и Хелсинки, во новата студија на европската комисија која ги посочува главните градови на Словенија, Естонија и Финска како врвни изведувачи во селектираното собирање на отпад.

Целиот текст прочитајте го на порталот „Арт кујна“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...