Ивона Талевска е избрана за претседателка на МАН

1255

Уредничката на ТВ Сител, Ивона Талевска, денеска на вонредно собрание на МАН беше назначена за нова претседателка на Македонската асоцијација на новинари.

Вонредното собрание на МАН беше свикано поради поднесените оставки од досегашната претседателка на асоцијацијата Слаѓана Димишкова и генералниот  секретар Драган Павловиќ Латас.

За нов генерален секретар е избран Александар Михаилов, од порталот Весник.мк., а Цветин Чилиманов од МИА е избран за потпретседател, заедно со Ѓеорги Какашевски од Клип медиа груп.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...