Шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, за малку ќе станел жртва на терористичкиот напад во Сомалија.
Тој вчера наутро бил на состанок со претседателот на Сомалија во претседателската палата во Могадиш, кога пред резиденцијата експлодирал автомобил полн со експлозив.
Ивица Дачиќ, шефот на дипломатијата, се нашол сред терористички напад во Сомалија, јавува курир.рс
Во нападот настрадале шест лица, а 13 се повредени.
ФОТО: Принтскрин Курир.рс