ИВЗ: Политичарите и судот да не се мешаат, Сулејман Реџепи има доверба од Ријасетот

913

Сулејман Реџепи и натаму ќе раководи со Исламската верска заедница (ИВЗ) се додека ја има довербата од Ријасетот, изјави вечерва Мухамед Вејсели од ИВЗ, кој како скандалозна ја оцени одлуката на судот.

– Исламската заедница е самостојна и автономна институција гарантирана со Уставот на РСМ. Го има својот Устав, ги има своите правилници и согласно Статутот ниту еден орган, ниту една институција во државата не може да одлучува кој ќе биде Реиз ул-Улема. Може ли судот да одлучува кој ќе биде поглавар на МПЦ? Таа одлука е на Синодот на МПЦ, а не е на некој друг орган. Никој не може да одлучува кој ќе биде носител на верската јурисдукција на Реиз ул-Улема. Тоа е одлука на Ријасетот – изјави вечерва Муамер Вејсели од ИВЗ.

Тој оцени дека „вакви скандалозни одлуки се случуваат само во дивиот запад, само во една држава во која не функционира правниот систем“.

– Ние не сакаме да навлегуваме во повеќе детали, најверојатно тие ќе ви бидат соопштени откога целосно како највисок орган на Исламската верска заедница ќе ја разгледаме настанатата ситуација по истекот на работното време – рече Вејсели.

Се очекува, да се одржи и седница на Ријасетот на ИВЗ за што дополнително ќе информираат бидејќи е потребно време на координирање и пристигнување на сите муфтии од земјата.

– Ние сме секуларна држава согласно Уставот и во оваа секуларност согласно Законот за положба на верските заедници секоја верска заедница е уставна категорија, секоја религиозна група регистрирана во дражвата го има внатрешното нејзино уредување и внатрешната хиреархија. Согласно тоа внатрешно уредување, согласно внатрешните акти, согласно внатрешната хиреархија на поставување на органите на институциите на ИВЗ, Ријасетот е единственото тело што одлучува кој ќе биде носител на јурисдикцијата на Реиз ул-Улема – потенцира Вејсели.

Тој изрази жалење за ваквите, како што рече, скандали што се случуваат во ИВЗ која, според него, претставува над 900.000 муслимани во земјава.

Вејсели порача носителите на јавни политички функции да се држат подалеку од Исламската верска заедница.

Алсат објави дека полиција и специјални единици на МВР го обезбедуваат редот пред седиштетот на ИВЗ во кое попладнете влезе група предводена од Скендер Бузаку, која тврди дека Основниот Суд Скопје 2 донел решение за разрешување на поглаварот на Сулејман Реџепи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...