Иванов „удри“ по Меркел и Столтенберг: Пред референдумот во 1991 не доаѓаа странски гости, народната волја беше пресудна

Тој додава дека Македонија не може да се гради врз други темели освен оние поставени со референдумот од 1991 година и оти одлуките донесени на тој, како што посочува, прв и единствен референдум, биле и остануваат да бидат обврзувачки за секој еден од нас.

2690

Претседателот Ѓорге Иванов денеска упати честитка до граѓаните на Република Македонија по повод 8 Септември – Денот на независноста.

„Во очи на сторискиот референдум во нашата татковина во 1991 година не доаѓаа високи странски претставници. Тоа беше момент на вистинска народна саморефлексија од која произлезе ненаметната, автентична и чиста волја на македонскиот народ и македонските граѓани,“ вели Иванов во честитката.

Тој додава дека Македонија не може да се гради врз други темели освен оние поставени со референдумот од 1991 година и оти одлуките донесени на тој, како што посочува, прв и единствен референдум, биле и остануваат да бидат обврзувачки за секој еден од нас.

„Македонскиот народ на 8 септември 1991 година го искористи своето право на самоопределување, вклучувајќи го и правото на отцепување од дотогашната заедничка држава. Со огромно мнозинство, македонските граѓани ја изразија својата волја и го дадоа својот глас со цел Република Македонија да се конституира како суверена и независна држава, со свое име и свое достоинство. Со тој чин, народот ја презеде врз себе одговорноста за иднината на Република Македонија, без повеќе да се потпира на други. Како што македонскиот народ е создавачот на Република Македонија, така и Република Македонија е чуварот на македонскиот идентитет“, вели Иванов.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...