Иванов сѐ уште не го потпишал Законот за амнестија

224
Законот за амнестија се уште не стигнал во Собранието со потпис од претседателот Ѓорѓе Иванов.
Пратениците по скратена постапка го изгласаа законот во вторникот попладне и тој уште тогаш е испратен на потпис во претседателскиот кабинет.
Од Собранието велат дека Иванов има рок од седум дена да го потпише, ако не го потпише треба да испрати образложение зошто не го потпишал.
Плусинфо од вчера го контактираше кабинетот на Иванов дали ќе го потпише законот со кој се предвидува селективна амнестија, но од таму до овој момент не добивме одговор.
Откако Иванов ќе го потпише Талат Џафери ќе го испрати во Службен весник, а кога ќе се објави, законот веднаш ќе стапи на сила. Потоа, обвинетите ќе имаат рок од пет дена да поднесат барање за амнестија, а судот за исто толку дена ќе треба да донесе решение по претходно прибавено мислење од јавниот обвинител.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...