Иванов очекува годинава да станеме членка на НАТО

680
Претседателот на Република Македонија и врховен командант на вооружените сили на АРМ, Ѓорге Иванов придружуван од началникот на ГШ на АРМ, генерал-мајор Васко Ѓурчиновски денеска ги посети и им ја честита Новата 2019 година на припадниците на АРМ во касарната „Чеде Филипоски -Даме“ во Кичево.
По обиколката на свечената гарда на АРМ, Иванов се сретна и со другите припадници од кичевската касарна, каде што имаше средба со командатот на Четвртата механизирана пешадиска бригада, наречена „Леопарди” , потполковник Боро Латкоски.
Претседателот Иванов на сите припадници на АРМ им искажа огромна благодарност за сето она што го прават за Република Македонија извршувајќи ги професионално своите обврски и при тоа на војниците во Кичево им подари телевизор.
Потполковникот Латкоски со слајд проекција и предавање во оваа прилика ги презентираше активностите на припадниците на АРМ од касарната „Чеде Филипоски -Даме” во Кичево.
Иванов имаше директна линковска врска со нашите војници, кои во моментот се во мировни мисии надвор од границите на нашата земја, притоа честитајќи им ја Новата година и божиќните празници.
– Очекуваме оваа година да ја добиеме конечно поканата и станеме членка на НАТО -рече претседателот Иванов и додаде дека како и секоја година традиционално на 1 јануари е со војниците на АРМ.
Шефот на македонската држава во оваа прилика им ја честита Новата година и на сите граѓани на Република Македонија, порачувајќи во период на големи промени да останеме сполоени, да се почитуваме и да се насочиме кон иднината.
Заедно со началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Ѓурчиновски, претседателот Иванов во кичевската касарна беше на ручек-војничко гравче со припадниците на овој гарнизон.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...