Иванов: Никој не го спречува Собранието да го повтори направениот преседан

552
ФОТО: EPA/GEORGI LICOVSKI

Никој не го спречува Собранието да го повтори веќе направениот преседан и на незаконски начин, без потпис од претседателот на државата во Службен весник да објави укази за прогласување на закони донесени од Парламентот, велат од Кабинетот на Иванов на реакциите од власта за неговата одлука да врати изгласани закони назад до Собранието.

– Противуставно и на незаконски начин, без потпис од претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, во Службен весник веќе беа објавени укази за прогласување на закони донесени од Собранието. Оттука, никој не го спречува Собранието да го повтори веќе направениот преседан – посочуваат од Кабинетот на Иванов. 

ФОТО: EPA/GEORGI LICOVSKI

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...