Иванов не прифаќа ерга омнес за името

Шефот на државата во текот на утрешниот ден ќе го прими министерот за надворешни работи Никола Димитров.

664

За претседателот Ѓорге Иванов не е прифатливо решение за името ерга омнес, соопштија денеска од кабинетот на претседателот на Република Македонија.

„Ставот на претседателот Иванов е принципиелен, а воедно и конзистентен со ставовите на сите досегашни претседатели на Република Македонија. Тој став е дека претседателот Иванов не прифаќа решение за прашањето за името за севкупна употреба или ерга омнес“, се наведува во соопштението од Кабинетот на Иванов.

Оттаму информираат дека шефот на државата во текот на утрешниот ден ќе го прими министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...