Иванов не ги потпиша законите за антидискриминација и за ОТА

181

Претседателот Ѓорге Иванов не ги потпиша указите за прогласување на законите за заштита од дискриминација и за Оперативно техничката агенција и електронски комуникациија, и ги врати повторно на гласање во Собранието.

Иванов, според образложението што го доставил до Собранието, указите не ги потпишал бидејќи во извршувањето на функцијата секогаш постапувал согласно дадената свечена изјава дека ќе го штити Уставот и, како што вели, ќе ги брани интересите на Република Македонија.

Овие закони утре повторно треба да се најдат на собраниска седница, по што откако повторно ќе бидат усвоени ќе се објават во Службен весник.

Претседателот Иванов не ги потпишува законите од 11 јануари, кога во Собранието беа усвоени уставните измени за промена на името на државата во Република Северна Македонија.

Пратеничката Јагода Шахпаска од СДСМ, денеска го изјави дека со непотпишувањето на Указите за рефомските закони, меѓу кои Законот за оперативно техничката агенција и за електронски комуникации, Ѓорге Иванов, се потврдил како кочничар на реформите и противник на професионалнилизација на безбедносните служби.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...