Иванов не бил поканет на кревањето на знамето на НАТО, Црвенковски не дошол, Ахмети немал време

1607

Телма објави дека од Кабинетот на претседателот Ѓорѓе Иванов информирале дека Иванов не бил поканет на денешната церемонија за поставување на знамето на НАТО пред македонската Влада.

Не беа присутни и од раководството на опозициската ВМРО ДПМНЕ, а празно остана и столчето кое беше наменето и за поранешниот претседател Бранко Црвенковски.

На церемонијата не беше присутен ни лидерот на ДУИ, Али Ахмети, а во изјава за Независен, од неговата партија објаснуваат дека поканите за настанот ги добиле вчеравечер во Собранието и поради кусото време за организација, не било возможно Ахмети да ги откаже сите претходно закажани обврски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...