Иванов на церемонијата за стогодишнината од Првата светска војна

257

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска е во посета на Француската Република каде на покана на претседателот на Емануел Макрон ќе присуствува на церемонијата по повод одбележувањето на стогодишнината од крајот на Првата Светска Војна, соопштуваат од Кабинетот на претседателот.

На церемонијата што ќе се одржи пред Триумфалната капија во Париз, ќе се обрати Макрон, а предвидено е присуство на лидери чии земји се бореле во Европа од 1914 до 1918 година, како и земјите кои испратиле свои контингенти да војуваат во Европа.

Претседателот Иванов ќе присуствува и на приемот, што за учесниците на церемонијата ќе го приреди претседателот Макрон во Елисејската палата.

Попладне, претседателот Иванов ќе присуствува и ќе се обрати на Парискиот мировен форум, што ќе се одржи на иницијатива на францускиот претседател

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...