Иванов на самит во Полска со лист го покри делот „Бивша Југословенска“ ФОТО

817

Претседателот Ѓорѓе Иванов на конференцијата во Катовице, Полска, на плакетата која стоеше на местото резервирано за него, со лист хартија го покри делот „Бивша Југословенска“ од името на Република Македонија.

Во Катовице тој учествуваше на Самитот за климатски промени COP 24.

Таму Иванов имаше и билатерална средба со полскиот колега, Анджеј Дуда, а присуствуваше и на концертот на Полскиот национален радио симфониски оркестар.

За време на посетата тој одржа и предавање на Универзитетот во Вроцлав на тема: „Мостови на пријателство и соработка: Македонија – Полска“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...