Иванов молчешкум ја потпиша амнестија, рокот почна да тече

1285
ФОТО: EPA/NAKE BATEV

Законот за амнестија кој во вторникот го изгласаа пратениците, претседателот Ѓорѓе Иванов го потпишал и тој веќе е објавен во Службен весник.

И покрај бројните новинарски прашања и повици упатени до претседателскиот кабинет за тоа дали и кога ќе го потпише законот, оттаму ниту еднаш не се огласија.

Со објавувањето во Службен весник, Законот стапи на сила и со тоа почна да тече рокот од пет дена во кој обвинетите за настаните од 27 април може да поднесат барање за амнестија.

За барањето одлучува судот, по претходно прибавено мислење од јавниот обвинител.

Засега никој од обвинетите официјално не кажа дека ќе бара амнестија, се изјаснија само дел од оние кои нема да бараат. Игор Југ и Јане Ченто на минатото рочиште во Кривичен рекоа дека не поддржуваат селективна амнестија и дека не сакаат политичките елити туку судот да им пресуди.

ФОТО: EPA/NAKE BATEV

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...