Не се работи тука, почитувани пријатели и комшии, за името, ниту некогаш се работело за тоа. Тука се работеше, се работи и ќе се работи за „патриотската клика“ која има длбоко замешано прсти во секоја македонска несреќа и срамота, барем во последниот четврт век, овде се работи за што (или за кое) довчерашната клика се обидува да ја испере калтта од своето лице и’ да ја фрли во правец на целиот свет, со посебен нагласок на „домашните предавници“ кои таа кал ја гледаа сите овие години. Пишував почитувани, и ќе продолжам да пишувам: сопствениот-личен, како и групниот грев во злосторството се обидуваат да ни го подметнат како „национален“. И што сега ќе правиме? Зошто, што би се рекло, работата ескалира.
Во грчевит напор ќе прават се’ овој договор меѓу Македонија и Грција да пропадне (кој, притоа, да не се лажеме, претставува брлијантен гест измеѓу две држави и дваjца премиери!), и не само што се хистеризира и се кинат нерви, се губат дури и сите критериуми и сите обзири. Наместо да си ја исчистат калта од своите лица, ним им паѓаат лажните „проевропски“ маски, а се појавува старо-патриотската суштина – а богами се појавува и формата. Што ни пишуваш, Јовановиќ? Овој новонастанат дегенеративен процес, се разбира, не може да помине без забавни моменти за кои се задолжени разни опскуранти, ама најзаслужен е one and only – извесен Ѓорге Иванов.
Сигурен сум дека е спремен да му напише писмо на Путин, да го моли што договорот – пред се’ – e потпишан од Заев и Ципрас, со надеж дека ќе се поништи (?), што во основа би бил длабоко компромитиран чин, или пак, би можел да напише писмо до кралицата Елизабета, за оваа пак, да може да се „уигра“ во Брисел, да апелира дека и Македонија, по примерот на Англија, сака свој Брегзит, што би претставувала урнебесна „коме(н)дија“. Дури, еве, му давам предлог на Иванов: нека му напише писмо на Борат Сагџиев од Казахстан. За волја на вистината, во Ѓорге отсекогаш имало нешто „боратовско“, ама со една клучна разлика, нималку поволна за нас: Борат не постои и не е избран за претседател на некоја држава.
Што се однесува до Иванов, отсекогаш тврдев (и на ова место пишував) дека тој човек е проблем на своите гласачи, и на никој друг; во земја во која е замисливо тој да биде избран претседател – во таа земја нема ништо незамисливо! Но, Ивановото лупетање (против деценисккиот проблем) уште понајмалку е практичен проблем, во склад со неговата „специфична тежина“ на функцијата која денес ја извршува.
Од друга страна го имаме Зоран Заев, човек што докажа дека е на другата, исправна страна, со сите Европски дубиози во моментов, докажа дека Македонија не е сама на светот. Или погледајте го неговиот министер Никола Димитров кој, изгледа пристојно, прибрано и ужасно внимателно, заврши работа која минатите министри од сите опскурантски влади не можат да ја завршат за три „министерски“ животи.
Е, сега, одиме на главната тема. Што заради вродената „шизофреност“ од нашиот политички идентитет (типично за сите догматски патриоти кои веруваат дека такво нешто постои во современата политика), што заради прагматичноста Македонија да се Европеизира и расцепканата политичка структура да се „геополитизира“ на еден важен и релевантен начин: а тоа значи да го поддржи договорот, во спротивно ќе се цепка дополнително и ќе пропаѓа во незамисливи ентропии.
Со потпис на договорот, македонскиот „национализам“ потполно откачи во „русификација“, што практично престана да биде иманентно македонски во било која релевантна смисла, поставувајќи го баналниот инструмент на автоколонизација. Јанко Бачев, Филип Петровски и сличните се типичен симптом на тоа: на една страна се „патриотите“ кои во принцип се жестоки „русофили“, на другата страна се оние прогресивните и „проевропско-либералните“ струи.
Се разбира, ништо од се’ ова погоре не го менува мојот став: тврдо и цврсто за ЕУ и НАТО. Едноставно, подобро нема ниту во наводници, напротив, „десните“ аргументи се опаки, лудачки и токсични, а „левите“ засега се разумни, реалистични и прогресивни. И тоа не е само нашата релевантна линија на поделба, ама заради претходното искуство од растечкиот авторитаризам, таа линија на „поделба“ е нужна.
На крајот сакам да бидам ужасно прецизен. Уште за три мои животи нема да се сложам со Иванов, прво за тоа што премолче многу работи во оваа земја, како и со сето негово „активно“ и „пасивно“ занимавање со политика. Затоа што знам, секогаш е така во времиња на јакнење на авторитаризмот: пред децении беше Тито, па дојдоа Милошевиќ и Туѓман, до вчера беше Груевски; репресијата, барем тоа го научивме, ја јакне внатрешната солидарност на репресираните.
На секој е, почитувани, да избере страна: за Европа и за НАТО со сите сили, обратно од тоа е глупав изговор, тривијална лошка комбинација од кукавичлук и политичко-морална тупавост.