Со сосема спротивставени ставови во вечерашниот дуел во „Само вистина“ за договорот со Грција и членството на Македонија во ЕУ и НАТО дебатираа универзитетскиот професор Александар Даштевски и екс-новинарот Зоран Иванов.
Даштевски, будно ги набљудува политичките процеси од историјата до денес -од „десен агол“. Тој е на став дека водејќи хајки, власта ќе заврши во хајка сплетена од сопствената мрежа.
Спротивно од него Иванов, кому не му пречи „Северна Македонија“ е на став дека е време Македонија да созрее политички, а со договорот со Грција припадноста „Македонец“ и македонскиот јазик конечно се заштитени категории.