Чесен влегов во политиката и чесен ќе излезам, порача претседателот на државата Ѓорге Иванов откако Антикорупциска денеска по допрен глас реши да го преиспита имотот на шефот на државата по информацијата дека тој на име на синот купил два стана на Водно.
Од кабинетот на Иванов велат дека ја поздравуваат постапката на Антикорупциска и изразуваат благодарност што Државната комисија за спречување на корупцијата ќе поведе постапка за проверка на неговата имотна состојба, како и дека порачал оти чесен влегол во политиката и чесен ќе излезе на крајот од неговиот втор мандат.
– Ја охрабруваме Државната комисија за спречување на корупцијата да постапи по овој случај. Но, исто така, ја охрабруваме Комисијата на ист начин да постапи и со сите други носители на државни и јавни функции во Република Македонија ,онака како што постапува во случајот со претседателот Иванов, велат од кабинетот на Иванов.