Иванов: Заев лаже дека ќе го поддржам Договорот за името ВИДЕО

844
ФОТО: EPA/NAKE BATEV

Шефот на државата Ѓорге Иванов демантира дека ќе го поддржи Договорот за името со Грција и го обвини премиерот Зоран Заев дека лаже кога го тврди тоа.

Од Кабинетот на претседателот велат дека Иванов најостро ги демантира лагите изнесени од страна на претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев во интервјуто за грчката телевизија ЕРТ, дека претседателот Иванов ќе го поддржи Договорот со Грција.

– Премиерот Заев со своите променливи, контрадикторни и конфузни ставови продолжува да ја лаже и манипулира не само македонската, туку и грчката и меѓународната јавност. Членството на Република Македонија во Европската Унија и НАТО, не смеат да се злоупотребуваат за прифаќање на штетен Договор со несогледливи последици по македонската држава и македонскиот народ. Македонскиот претседател не прифаќа Договор на штета на македонскиот национален идентитет и на штета на интересите на Република Македонија. Ставот на претседателот Иванов е непроменет и нема да го поколебаат никакви притисоци, уцени и закани, стои во соопштението од Кабинетот на Иванов.

ФОТО: EPA/NAKE BATEV

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...