Иванов: ЕУ и НАТО не смеат да бидат алиби за лош договор

949

И понатаму ќе ги поддржувам европските и евроатланските интеграции на Република Македонија кои се од огромно значење за просперитетот на државата, но стратешките цели не смеат да се злоупотребуваат на сметка на националните интереси и интересите на македонскиот народ, порача шефот на државата Ѓорге Иванов по средбата со шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини.

– Мојот став е непроменет. Стратешка цел на Република Македонија е членство во Европската Унија и во НАТО Алијансата. Ho, ЕУ и НАТО не смеат да бидат алиби за лош договор со кој се отвораат многу повеќе прашања, одошто се затвораат – порача Иванов на средбата со Могерини.

На средбата биле разменети мислења за актуелната политичка состојба во Република Македонија и за процесот на европска интеграција, како и за клучните предизвици со кои се соочува регионот.

 

– Мојот став е непроменет. Стратешка цел на Република Македонија е членство во Европската Унија и во НАТО Алијансата. Ho, ЕУ и НАТО не смеат да бидат алиби за лош договор со кој се отвораат многу повеќе прашања, одошто се затвораат, порача претседателот Иванов на средбата со г-а Могерини.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...