Иванов: ЕУ да овозможи паралелно преговори за членство и надминување на спорот за името

Македонија нема отворени територијални и гранични прашања, и затоа со право очекува поголема флексибилност од Унијата, нагласи Иванов.

166

Ако ЕУ не ни ја обезбеди иднината, тогаш ние ќе се занимаваме со минатото, рече претседателот Ѓорге Иванов на прес-конференцијата по состанокот на лидерите на земјите во Процесот Брдо-Бриони.

Оценувајќи дека врвните стратегиски цели на Република Македонија се членството во НАТО и во Европската Унија, Иванов рече дека долго време политиката на проширувањето потфрлуваше во случајот со Република Македонија не поради принципите и критериумите на Унијата, туку поради непочитувањето на тие принципи и критериуми од страна на една земја членка.

– Како Претседател на Република Македонија ја повикувам Унијата да овозможи паралелно движење на преговорите за членство и надминување на билатералната разлика меѓу Македонија и Грција – изјави Иванов.

Тој додаде дека по самата своја природа, проширувањето е политичко, а не само техничко прашање.

– Конечниот збор го има Европскиот совет, а не Европската комисија. А политичкото прашање не може да се реши само со технички пристап и бара храброст, одлучност и креативност од Унијата. Нема подобар пример за тоа од Словенија и Хрватска кои со помош на Европската Унија, успеаја да најдат начин за паралелни преговори. Благодарение на таквиот европски пристап, денес Словенија и Хрватска се лидери на Процесот Брдо-Бриони – изјави Иванов.

Истакнувајќи дека најважното нешто што ги поврзува земјите од регионот е желбата за членство во ЕУ, Иванов рече дека очекува Унијата да не ни дава празни ветувања бидејќи, членството во Унијата за нас не е празен идеал.

Тој ги поздрави објективните критериуми за проширување на ЕУ со Западен Балкан со вреднување на заслугите на секоја земја поединечно.

– Сепак, не можам, а да не го забележам следново. Стратегијата експлицитно истакнува дека нови отворени прашања нема да бидат увезувани во Унијата. Сакам да потсетам дека граничните прашања и идентитетските прашања имаат различна природа, а со тоа и различни последици. А прашањата со различни последици не можат да се третираат на идентичен начин. Република Македонија нема отворени територијални и гранични прашања, и затоа со право очекува поголема флексибилност од Унијата – нагласи Иванов.

Тој додаде дека со новите процеси не се намалува, ниту исцрпува Порцесот Брдо-Бриони, кој, како што посочи има незаменлива уога да нуди стратегиски решенија.

Денешниот состанок, рече тој се одржал во духот на поврзаноста, нагласувајќи оти семјите во него се ги поврзуваат економијата, безбедноста и инфраструктурата. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...