Претседателот на државата Ѓорге Иванов, денеска ги додели стипендиите „Борис Трајковски“ за академската 2018/2019. Традиционално и годинава беа доделени 20 стипендии за постдипломски студии на Програмата за бизнис администрација – МБА на Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, Сити колеџ во Солун.
– Студирајќи, тие градат и лични односи со своите грчки колеги со кои комуницираат без посредство на политичките елити и искривените медиумски перцепции. Со ваквите проекти создаваме нова генерација млади кои нема да бидат оптоварени со предрасудите од минатото. Генерации кои ќе стекнуваат меѓусебна доверба преку меѓусебно почитување и прифаќање – рече претседателот Иванов.