Иванов: Да си простиме и да се сплотиме, пред да биде предоцна

366

Претседателот Ѓорге Иванов, во обраќањето во рамки на посетата на поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, денеска од Вила Водно ги повика граѓаните на помирување и простување, сплотување за духовна обнова на Македонија.

– Сакам да упатам повик до сите мои сограѓани, до сите со добра волја и чисти срца, независно дали припаѓаат кон православната, католичката или протестантската гранка на христијанството, дали се муслимани, евреи или атеисти, ве повикувам да ја препознаете симболиката на оваа посета и преку понизност и простување, помирување и сплотување, преку одговорност и почитување да се вклучите во духовната обнова на Македонија пред да биде предоцна – рече претседателот Иванов.

Тој кажа дека на овие вредности потсетува токму папата Франциск, кој, како што рече, симболично го повторува чинот што го направил Исус по Тајната вечера, свесен за искушенијата и маките кои го чекаат, понизно миејќи ги нозете на своите следбеници.

– Вие се наведнувате да им ги измиете нозете на болните и сиромашните, на затворениците и бегалците, на гладните и жедните, на отфрлените и маргинализираните независно дали се христијани, муслимани евреи, хиндуси, будисти, атеисти… Верувам дека вашите дела не се уште еден истрошен симбол напротив вие, не потсетувате дека иако нашата човечка љубов кон бога и кон луѓето е променлива божјата љубов и верност кон на служето е трајна – рече Иванов и додаде дека и во Македонија треба да се следи тој пат независно од нашата вера или идеологија.

– Само така ќе може да им оставиме подобра иднина на младите и се уште не родените – рече Иванов.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...