Иванов: Армијата на РМ де факто е во НАТО

261

Претседателот на РМ и Врховен командант на АРМ, Ѓорѓе Иванов истакна дека АРМ во изминативе години исполнувала големи задачи и во услови кои од година во година станувале се посложени и поризични.

– Армијата е неутрален чувар на територијалниот интегритет и независноста на земјата. Таа ја штити границата, сувереноста, безбедноста и унитарноста на Република Македонија. Армијата им помагаше на своите граѓани во справување со природните непогоди, а учествува и континуирано во мировните мисии ширум светот, рече Иванов.

Според него, македонскиот придонес не е симболичен, туку стуштински. Иако Македонија се уште не е во НАТО, Армијата на РМ де факто е во НАТО и затоа земјава не скршнува од зацртаниот евроатлански пат.

– Најголем предизвик за армијата за време на мојот мандат беше во 2015 година, со мигрантската криза. Во услови на длабоки политички поделби, протести и контрапротести, кога многу институции беа парализирани, а многу процеси блокирани, постоеше опасност територијата на Македонија да биде преплавена од мигрантски бран – рече Иванов, додавајќи оти Армијата успешно се соочила со сите предизвици и целосно ја оправдала неговата доверба и довербата на сите граѓани.

Според него, не треба да се заборави дека припадниците на Армијата се наследници на македонските борци, кои биле водени од чисти мотиви и праведни цели.

– Ние немаме темна дамка во историјата од која би се срамеле и за која би се извинувале. Македонските борци се бореле за слобода и човечки правдини и биле на вистинската страна на историјата. Илинденците се бореа против тиранијата, а партизаните против фашизмот и нацизмот. Вие припадниците на современата АРМ се борите против заканата од насилниот екстремизам и глобалниот тероризам – рече Иванов.

Тој истакна дека се повеќе треба да се инвнестира во одбраната, во современите технологии поради новите хибридни закани, а најважна е инвестицијата во подобрување на животниот стандард на Армијата, истакнувајќи дека военото лидерство треба да биде имуно на партиски и политички притисоци.

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...