Младиот македонски тенисер и голем талент, Калин Ивановски се пласираше на третото место на Европскиот шампионат за играчи до 14 години, кое се одржува во Мост, чешка.
Во полуфиналето, Ивановски изгуби со убедливи 6:1,6:1 од четвртиот носител на Европското, Мили Полјичијак, кој се наоѓа на петтата позиција на Европската ранг-листа за јуниори до 14 години.
Полјичак доминираше во текот на целиот меч и заслужено славеше против нашиот тенисер.
Калин на патот до полуфиналето го победи и првиот носител на шампионатот, Михаил Гороков со резултат 6:1, 6:3.