Поранешната српска тенисерка, Ана Ивановиќ се породи со второ дете. Таа на социјалните мрежи објави дека нејзиниот син добил братче. 31-годишната Ана и 35-годишниот германски фудбалер Бастијан Швајнштајгер добија уште еден син.
„Гориме од љубов и среќа. Нашето момче доби мало братче“, напиша Ана.