Ибрахимовиќ: Шведска може да ја победи Англија и да го освои СП

- Сега веќе нема толку големо значење колку си добар. Од четвртфиналето натаму има многу емоции и кој ги совлада најдобро, тој ќе има предност - истакна 36-годишниот напаѓач.

115

Шведска има сила да ја победи Англија и да го освои Светското првенство доколку тимот се справи со тензиите, изјави поранешниот капитен и најдобар стрелец на скандинавците, Златан Ибрахимовиќ.

Тој разговараше со американските новинари во тренинг центарот на Л.А. Галакси и рече дека тоа ќе биде тешко, бидејќи влогот во оваа фаза навистина станува премногу голем.

– Сега веќе нема толку големо значење колку си добар. Од четвртфиналето натаму има многу емоции и кој ги совлада најдобро, тој ќе има предност. Мислам дека Шведска може да го направи тоа и да го освои купот, како што реков и пред почетокот на турнирот. Тие го победија Мексико, кое беше силно, а потоа ја совладаа Швајцарија и постигнаа успеси што малкумина ги очекуваа, истакна 36-годишниот напаѓач.

Ибрахимовиќ постигна 62 гола на 116 натпревари за неговата земја, но не беше вклучен во тимот за завршницата на Светското првенство од Јане Андерсон.

Сепак, ова не го спречува да ги поддржува своите поранешни соиграчи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...