Напаѓачот на Лос Анџелес галакси, Златан Ибрахимовиќ, кој претходно играше за Милан, го сподели своето мислење за ситуацијата во италијанскиот клуб.
Милан вчера поради слаби резултати го отпушти тренерот Марко Џампаоло.
– Жално е кога го гледам Милан ваков. Клубот треба да биде на врвот, треба да има најдобри играчи на светот, но сега не е така. Тие треба да инвестираат, во спротивно нема да постигнат ништо. Квалитетот не се добива бесплатно – вели шведскиот интернационалец.
Според Ибрахимовиќ, Јувентус е симбол на италијанскиот фудбал поради неговиот состав, додека Интер“ добро напредува, иако заостануваат зад Јувентус.
По седум кола во Серија А, Јувентус е прв со 19 бода, Интер е втор со 18, додека Милан е 13. Со само девет бода.
ФОТО: EPA / JULIEN WARNAND