Шведскиот интернационалец Златан Ибрахимовиќ во една емисија на американска телевизија изјави дека ќе учествува на Светското фудбалско првенство што ова лето ќе се игра во Русија.
Ибрахимовиќ пред неколку месеци најави крај на репрезентативната кариера, потоа, откако Шведска обезбеди пласман на Мундијалот во Русија кажа дека постојат шанси тој да се врати во националниот тим, а негова најнова изјава е дека ќе игра на СП.
– Да, одам на Светското првенство. Но, ако кажам повеќе, луѓето ќе ме обесат. Па, морам да бидам внимателен што изјавувам сега. Светското првенство без мене нема да биде Светското првенство.
36-годишниот Ибрахимовиќ во моментов настапува во МЛС лигата за тимот на Лос Анџелес Галакси.