Ибрахимовиќ: Носењето маички со „Стоп на расизмот“ е добро, но подобро е да се казнува

231

Напаѓачот на Лос Анџелес галакси, Златан Ибрахимовиќ смета дека Италијанската фудбалска федерација треба да се бори построго против расизмот. Триесет и осумгодишниот Швеѓанец најави дека наскоро кариерата ќе ја продолжи во Серија А.

– Носењето маица „Не за расизам“ е добро, но тоа не го реши проблемот. Подобро е да се казнува со одземање на, да се прекинат натпреварите и да има парични казни, па дури и ризик клубовите да бидат исфрлени во Серија Б. Треба да се биде строг кон овој проблем – истакна Ибрахимовиќ.

Во италијанската Серија А последните неколку сезони, вклучувајќи ја и тековната, регистрирани се низа инциденти со навреди на расна основа.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...