Ибраимоски: Димитров ќе остане министер, на Северна или на Македонија не е важно

823

Заборавив одамна беше претседател, се збуни пратеникот Самка Ибраимоски обраќајќи му се на пратеникот Трајко Вељановски, нарекувајќи го Трајановски, на собраниската седница за интерпелација на министерот за надворешни работи Никола Димитров.

– Договорот е завршена работа. После свада тапани не бива. Сега имате задача да го искомпромитрате министерот, но тој ќе си остане министе, на Северна или на Македонија не е важно.  Има една српска поговорка која вели:  „Не види шта си био и где си био, него где си сада“. Димитров е на вистинското место, Спогодбата е завршена. А за тоа дали ќе славиме, ќе правиме прослава кога ќе седнеме во НАТО и тоа со грчко узо и мастика – рече Ибраимоски.

Вељановски му реплицираше на пратеникот Ибраимоски дека министерот за надворешни работи Никола Димитров ќе остане на функцијата и дека интерпелацијата е како „после свадба тапани“.

– Која е невестата, Македонија? Кој е зетот, Грција? Во што учествувате вие, да ја продадете Македонија? Како не е важно дали е Северна или Македонија? Ако си етнички Македонец, е важно – рече Вељановски.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...