Пратеникот Самка Ибраимокси денес поденсе амандман врз основа на членот 71, став 1/ од Уставот на Република Македонија и членовите 132 и 137 од Деловникот на Собрание на Република Македонија, во врска со Буџетот за 2019 година, соопшти партијата на Ибраимоски.
– Во предлог буџетот за 2019 година Владата предложи 20 милони денари за имплементација на Стратегијата за Ромите и подобрување на нивниот статус. Јас како пратеник и поранешен министер за имлементација на Стартегијата за Ромите, сметам дека ова е мала ставка во однос на потребите за реализирање на инфраструктурни проекти за Ромите. Сметам дека само домувањето не може да се реализира со 20 милиони, затоа барам додека трае расправата за Буџетот за 2019 година, мојот амандман да го разлгледа министерот за финансии и да најде ставка тој да се реализира – вели Ибраимоски.
Според него, решавањето на ромските прашања се тешки, сложени и опфаќаат значаен дел на популација. Тој потсетува дека проблемот на Ромите е дел и од препораките на Европската Унија за решавање на ромското прашање.