Ибраимоски: Барам ревизија на сомнителните судски пресуди

235

Самка Ибраимоски, пратеник и претседател на Партијата за целосна еманципација на Ромите ќе бара ревизија на како што вели сомнителни пресуди.

– Од средби со повеќе граѓани кој секојдневно доаѓаат кај мене констатирав дека има потреба од реакција за донесени пресуди, кој се коруптивни и поитички и немаат допир со правото. Ова мора да се спречи. Ја информирам јавноста и сите засегнати граѓани дека за вакви и слични проблеми ќе подготвам информација до Собранието и Владата за да најдеме начин да се направи ревизија на сите донесени пресуди кои се коруптивни,тендециозни, со намера и немаат ништо со правото во Македонија – вели Ибраимоски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...