За спогодбата со Грција секој нека си го стави прстот на чело и да размисли,така и вие професоре Ферид Мухиќ, колку придонесуваме кон остварување на оваа цел. Само придонесот кон оваа цел значи вистински патриотизам,исполнување на вистинска одговорност во општеството, реагира пратеникот и претседател на Партијата за еманципација на Ромите, Самка Ибраимовски, по денешното повторно ратификување на Договорот со Грција за кој пратеникот од мнозинството Ферид Мухиќ гласаше воздржано.
– Ова спогодба нека биде ревизија на нашиот Устав, ова нека биде цел и патека професоре, оваа спогодба нѐ изведе на ширина и одговорноста треба сите да ја споделике, ајде да се натпреваруваме, ајде да се движиме напред. Токму сега како да нѐ повикуваат зборовите на големиот апостол на македонската надеж и борба Гоце Делчевч- Да тргнеме во културен натпревар меѓу народите – пишува Ибраимовски во неговото соопштение.
Според него, спогодбата значи и забрзан развој на демократските процеси ,поголеми права и слободи, владеење на право секаде и за секого и постигнување на подобар живот и стандард на сите граѓани.
– Треба да гледаме напред, а оваа спогодба тоа ни го нуди професоре Мухиќ. Вие впрочем и за тоа се борите, но вашата воздржаност на самото гласање ми кажува нешто друго. Времето ќе каже, јас сум Ром претник во Собранието, ние Ромите никогаш не грешиме и во изминатиот период кога беше за осамостојувањето на Македонија бев на страната на интересот на граѓаните и тоа храбро без двоумење, ние продолжуваме напред во интеграција на Македонија во ЕУ И НАТО – вели Ибраимовски.