Ибраимовски бара Заев да го разреши министерот Ахмедовски

598
Партија за целосна еманципација на Ромите ПЦЕР, доставила барање до ремиерот Зоран Заев за разрешување на министерот без ресор Аксел Ахмедовски, задолжен за имплементација на стратегија на Ромите и подобрување на нивниот статус.

Ова барање, како што се наведува во информацијата на ПЦЕР, е поради  неисполнување на стратешките определби на Партијата за целосна еманципација на Ромите од страна на министерот без ресор и нереализирање на започнатите инфраструктурни проекти.

„Очекуваме во најскоро време да се разреши министерот без ресор, а дополнително ќе ве информираме кој ќе ја земе функцијата министер без ресор“, се вели во партиското соопштение.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...