Бедредин Ибраими кој денеска доби затворска казна од 4 години и 6 месеци се побуни на барањето на обвинителката Фатиме Фетаи да му се определи притвор за случајот „Титаник 2“ каде тој доби казна затвор од четири години и шест месеци.
– Бедредин Ибраими тука е роден, тука живее и тука и ќе умре. Сѐ додека не докажам дека немам никаква вина тука ќе останам и потоа во лице да ѝ се смеам. Не може да го злоупотреби правото и да бара притвор без докази – рече Ибраими.