Иако Том Круз има милиони, ќерка му Изабела ги распродава своите користени работи на интернет ФОТО

На својот профил, најстарата ќерка на Том Круз продава работи, како белите чизми од „Д-р Мартинс“

1619

И додека нејзиниот татко потпишува милионски договори за снимањето нови филмови, а се претпоставува дека во моментот има околу 570 милиони долари, неговата ќерка Изабела Кидман Круз, која ја посвои додека беше во брак со Никол Кидман, едвај спојува крај со крај.

Така барем може да се заклучи според нејзиниот последен потег. Имено, Бела, како што ја нарекуваат нагалено, пред пред една година отвори свој профил на веб-страницата „Депоп“, наменета исклучиво за продажба на облека, обувки и додатоци.

На својот профил, најстарата ќерка на Том Круз продава работи, како белите чизми од „Д-р Мартинс“ или очила за сончање со потпис на Стела Мекартни, а сè за многу поголема цена отколку што би се очекувало за нешто што е од втора рака.

Бела засега немала премногу среќа. Има огласено 13 работи за продажба, од кои се продадени само четири – белите чизми, црн, износен џемпер, црвена кошула и јакна.

На британските медиуми веднаш им падна во око една работа, а тоа е дека Бела Круз се обидува да заработи пари продавајќи ги работите поскапо отколку што што навистина вредат.

 

tportal

Isabella Cruise svoje stvari prodaje na Depopu

Izvor: Screenshot / Avtor: depop.com

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...