На плоштадот „Македонија“ од посетителите од странство најмногубројни се тие од Хрватска.
– Се организиравме во нашата католичка заедница во Загреб и дојдовме 6 автобуси само од кај нас. Дојдоа луѓе од повеќе градови во Хрватска, многу автобуси има и од Сплит. Јас сум тука со мојата девојка. Првпат сум, ќе присуствувам на миса на папата Франциск, а поради посетата на папата првпат дојдов и во Македонија иако дедо ми е Македонец. Овие песни и танц се начин на кој ние славиме во нашата верска заедница во Хрватска – вели младиот верник Матео од Хрвстска, кој заедно со неговата девојката се во групата верници кои со музика танцуваат на плоштадот во Скопје додека го очекуваат пристигнувањето на папата Франциск.