Претседателот Ѓорге Иванов и неговиот претходник Бранко Црвенковки иако беа поканети, не се појавија во Собранието да го проследат обраќањето на високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедност Федерика Могерини.
Нејзиното обраќање покрај пратениците, од првиот ред го проследија премиерот Зоран Заев, претставници од судската власт, како претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски и првиот човек на Судскиот совет Зоран Караџовски, претставници на верските заедници (МПЦ-ОА, Католичката црква, ИВЗ, Еврејската заедница)…
Могерини беше придружувана од амбасадорот на ЕУ во Македонија, Самуел Жбогар.
Го галеријата на Собранието беа присутни претставници на дипломатскиот кор, меѓу кои и американскиот амбасадор Џес Бејли.
Седница ја водеше потпретседателот на Собранието Горан Мисовски бидејќи претседателот Талат Џафери е во посета на Турција.